• Fri. Nov 22nd, 2024

Несоодветна брзина најверојатно причина за автобуската несреќа

Несоодветна брзина и заблуда на возачот се најверојтано причините за големата автобуска несреќа изјави за Битиви Васко Пиргов секретар на регионалниот совет за безбедност, а кој бил на местото на несреќата заедно со првите пристигнати полицајци и пожарникари.

-Не е за раскажување, зборување, сликата е страшна, од задното десно стакло излегле повредените патници, вели Пиргов.

Според неговата изјава автобусот удрил со предната десна гума во сообраќаен знак, по што го исфрлил 45 метри настрана.

Пожарот почнал од предниот дел на автобусот, а според полицијата, имало и туби со нафта на предната страна, кај резервните гуми, по што од парното излегол огнот. Патот беше целиот со нафта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *