Светот е на работ на катастрофален морален пад во дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус. Првиот човек на СЗО обвини за неправедна дистрибуција на вакцините против Ковид-19. Ги повика земјите и производителите на поправедна дистрибуција на вакцините низ целиот свет.
Гебрејсус рече дека изгледите за фер дистрибуција се под сериозен ризик. Оваа неправедна дистрибуција на вакцините ќе биде на тест токму сега. Особено затоа што програмата на СЗО за дистрибуција на вакцини „Ковакс“ прави подготовки да започне со дистрибуција. Тој истакна дека минатата година биле потпишани 44 билатерални договори, а годинава најмалку 12.
„Ова може да ги одложи испораките на Ковакс и да го создаде точно она сценарио што се обидовме да го избегнеме создавајќи ја Ковакс. Тоа е создавање залихи, хаотичен пазар, некоординиран одговор и продолжување на социјалните и економските нарушувања“, рече директорот на СЗО.
Тој предупреди дека поради тоа ќе страдаат токму они на кои помошта им е најпотребна.
„Не само што овој пристап на прво јас ги загрозува најсиромашните и најранливите, тој е и самоуништувачки“, рече Тедрос. Ова го изјави на отворањето на годишниот состанок на извршниот одбор на СЗО во Женева, пренесе „Ројтерс“. Како што истакна, на крајот, ваквите постапки само ќе ја продолжат пандемијата.
Глобалната полемика околу вакцините се интензивира по информациите за циркулација на нови, позаразни верзии на вирусот. Тедрос како пример за нееднаквост го посочи податокот дека повеќе од 39 милиони дози на вакцини се употребени во 49 земји со повисок приход, додека само 25 дози биле дадени во една сиромашна земја.
Македонија треба да добие пдредена количина вакцини од соседна Србија.