• Mon. Nov 25th, 2024

Тутунари од струмичко бараат итност за измените на законот за тутун и да се откупи виошокот

тутун

Тутунарите од струмичко сеуште чекаат одговор дали ќе бидат донесени измените на законот за тутун и продолжен откупот,  сооглед  дека илјадници килограми тутун стојат неоткупени во овој дел на државата. Претежно станува збор за производители кои имат вишок од договорените количини и до 28 февруари не успеале да го предадат. Али Кадриев вели дека има околу еден тон неоткупен тутун и не знае што да прави бидејки веќе бил пакуван.

,, Еве го препакуваме оти незнаеме што да правиме. Треба откупот да продолжи до 31 март  и да се превземе целиот вишок. Ние овде живееме од тутунот а за некој ден треба да почнеме да ги садиме леите со расад. 40 кутии ми стои пакуван а уште толку имам и на таванот,, вели Али Кадриев од населеното место Градашорци

Тутунарите бараат од МЗШВ модел да биде превземен сиот вишок. Бараат откупот да продолжи до 31 март и откупните компании да излезат во пресрет бидејки одгледувањето и производство на суров тутун им е единствен извор на егзистенција. Тие ги повикаа пратениците веднаш да ги донесат измените на законот

Од миниситерството за земјоделство велат дека се прават напори да се продолжи откупот. Се чекаат измените на законот. Паралелно се преговара со турски компании за да се откупат околу 1500 тони вишок тутун

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *