Денеска попладне, ненадејно почина пејачот Мирчо Чуков. Веста брзо се прошири на социјалните мрежи, каде неговите пријатели со неверување ја коментираа ненадејната и прерана смрт на пејачот.
Неофицијално, Чуков се подготвувал за вообичаените настапи кога одеднаш му се слошило. И покрај укажената медицинска помош, починал, коментираат пријателите на пејачот.
Инаку Чуков е машкиот вокал од познатата група Интервали, во која настапуваше заедно со сопругата Снежана. Групата постои повеќе од 30 години а заедно испејаа голем број хитови како „Ех да сакаш“, „Плачела“, „Ноќта е створена за грев“, „Те молам немој“ и многу други.