Нема замена за наставата со физичко присуство, велат наставниците. Гордана Здравковска од Радовиш, професорка по македонски јазик, вели дека се среќни што се во училиниците.
Смета дека децата многу изгубиле во текот на учењето на далечина и затоа сега им е потребно повторно адаптирање. Пред се на начинот на настава, а потоа и на материјалот.