Граѓаните и фирмите ќе можат да поставуваат фотоволтаици за производство на струја на покривите без да бараат одобрение од Општината. Ова се предвидува со Измените на Законот за градба кои денеска поминаа на владина седница, и деновиве ќе се достават до Собранието. Со измените, покрај поедноставување на постапките се предвидува фотоволтаици да може да се стават во индивидуални објекти за домување до 6 KW, a и кај правни субјекти до 40 KW.
Согласно најавените измени, фотонапонските централи ќе можат да бидат поставени кај домаќинствата до 6 киловати и кај правни лица до 40 киловати, додека на колективните згради може да се постават од страна на заедницата на станари, но електричната енергија да се користи само за заедничките простории.
За сето ова, како што истакна Бочварски, на граѓаните нема да им биде потребно одобрение или решение од општината.
Инвеститорите ќе имаат задача само да ја известат матичната општина и да достават извод од централен регистар доколку се работи за фирма, или копија од лична карта ако се рбаоти за физичко лице.