Нема персоналец за К-15 над минималната сума за работниците, оваа новина е од годинава.
Компаниите кои годинава на своите работници ќе им исплатат К-15 во висина над минимално утврдената, односно повисока од 40 проценти од просекот на трите последни објавени републички плати, ќе бидат ослободени од плаќање данок за тие средства.
Ова било пренесено од владините претставници при презентацијата на петтиот пакет економски мерки на седницата на Економско-социјалниот совет во понеделникот. Претседателот на ССМ Дарко Димовски за весникот ВЕЧЕР вели дека ова е добро, стимулативно решение за работодавците да исплатат повисок регрес за годишен одмор. Освен ова, вели тој, со средствата што ќе им останат од неплатениот персоналец ќе можат да ги стимулираат работниците.