Нема најава од компаниите дека ќе продолжат со откуп на вишокот тутун
Иако Собранието ги донесе измените на законот за тутун со кои откупот е продолжен до 31 март, ниту една компанија не покажува интерес да го откупи вишокот производство кај тутунарите.
Во струмичко Градашороци има околу 60 тина тони а производителтие сеуште не знаат што со тутунот кој им стои по таваните и пластениците. Го проветруваат за да не им се расипе и не го фрлаат по депонии. Чекаат абер некоја компанија да им го превземе.
Од здружението Басмак од Василево потврдуваат дека кај откупувачите нема интерес за да се превземе вишокот тутун. Трајков смета дека законските измени требало дас е донесат во февруари а не сега кога откупувачите ги повлекоа откупните ваги.
Производителтие тврдат дека ќе се откажат од новиот проиводствен циклус, оти тони тутун им стои по домовите. Според надлежните околу 1500 тони тутун стои неоткупен. Откупувачите во февруари освен договореното откупуваа и вишок од тутунарите кои го пријавува кај министерството.
Ова е само еден од пунктовите во струмичко Градашорци кој е затворен а откупните ваги се повлечени. Нема најава дека можно е да се отвори за да се превземе вишокот во ова населено место за кој тутунарите намаат склучено договори.
Од минситерството кажаа дека се во преговори со турска комапнија која може да го превзеде вишокот тутун од ланската реколта.