На социјалните мрежи, во ловните друштва и медиуми реагираат граѓани кои забележале диви свињи во горните делови на градот. Ловџиите велат дека тој предел е дел од ловиштето Варварица 2 кој е забранет за лов.
Во моментот е ловостој за диви свињи. Ловот на ова животно е од 1 октомври до 31 јануари. Сепак, од ловното друштво апелираат дека нема место за паника.
Годинава Македонија воведе вонреден лов на диви свињи. Вонредениот отсрел на дива свиња го побара државата од ловечките друштва за да ја намалат популацијата на овие животни, кои лесно можат да ја пренесат опасната африканска свинска чума и да ги заразат свињите по македонските фарми.