Се укинува воведувањето на проресивното оданочување, кое требаше да започне од 1 јануари 2023. Ваквата одлука е донесена по состаноците со деловната заедница.
Ковачевски рече дека нема да има зголемување на персоналниот данок, данокот на добивка и ДДВ, но дека ќе се зголеми даночната ефикасност. Ковачевски потврди дека штедните влогови и депозити нема да се оданочуваат и понатаму.
„Оданочувањето ќе се воведува во повеќе етапи во интерес на прилагодување на повеќе страни. Со овој нов концепт не се предвидуваат нови даноци и нивно зголемување“, објави Ковачевски.
Тој додаде дека ќе има поголема праведност во оданочувањето, мислејќи на повластените сектори. Ќе се зголеми и оданочувањето во таканаречените „сиви зони“. Ќе има зголемени фискални зафати во дејностите кои негативно влијаат на животната средина со „зеленото оданочување“.