• Fri. Nov 22nd, 2024

Нема да има нови мерки, остануваат истите. Полицискиот час и понатаму ќе биде од 22 до 5 часот.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека на утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести било констатирано дека актуелните мерки и рестрикции остануваат во сила. Односно забраната за движење од 22 до 5 часот.

Тој рече дека засега состојбата не бара воведување посторги мерки. Но, постојано ќе се следи и следната недела Комисијата пак ќе има состанок кога ќе одлучи дали ќе има потреба од воведување нови построги мерки.

„ Притисокот во Скопје е голем, правиме систем на менаџирање на скопските клиники. Има одреден број слободни кревети, одделенијата на интерните клиники повторно се ковид-центри“, нагласи Филипче.

Тој додаде дека во изминатите 4 недели има константно зголемување на бројот на заразени од коронавирус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *