СОНК денеска ќе расправа за синоќешната понуда од Владата со ребалансот на буџетот да биде предвидено зголемување на платите во образованието и предучилишните установи за 10 проценти. Синдикалниот лидер Јаким Неделков нагласи дека штрајкувачите се изложени на силен притисок, не само преку списоци што се прават за вработени кои штрајкуваат, туку уште повеќе со заканите дека нема да им се исплатат дневниците за деновите во штрајк.
Премногу се потенцира дали ќе бидат исплатени дневниците за време на штрајкот и тоа се доживува како притисок. Дури и партиите вршат пристисок врз своите членови, изјави Неделков за Утрински брифинг.
Минатата недела Неделков за МКД.мк изјави дека најавите за уплаќање само на придонесите на вработените за деновите која се во штрајк не треба да се реализираат бидејќи покрај тоа што правото на штрајк е загарантирано, вработените не отусуствуваат, туку се на своите работни места.Тој се повика и на праксата од минатите години кога по завршувањето на штрајковите во договор со МОН не се пристапувало кон кратење на дневниците.