• Sat. Nov 23rd, 2024

НБРМ ја зголеми каматата на благајничките записи

Народната банка ја стега монетарната политика како одговор на високата инфлација. Пак ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени и таа сега изнесува 1,75%.

„По промените во инструментот задолжителна резерва и зголемувањето на основната каматна стапка во април на 1,5%, како превентивен одговор на нагорните движења кај инфлациските очекувања, на мајската седница на Комитетот беше одлучено да се изврши дополнително зголемување на каматната стапка за 0,25 процентни поени, на нивото од 1,75%. Понудата на благајнички записи на денешната аукција изнесува 10 милијарди денари.“- соопшти централната банка.

Инфлацијата, во април достигна годишна стапка од 10,5%. Од Народната банка велат тоа  упатува дека оваа година инфлацијата ќе биде повисока од очекувањата. Ова е второ зголемување на каматата на благајничките записи, која пак е  сигнал за комерцијалните банки да ги стегнат условите за кредитирање и за евентулна корекција нагоре и на каматите на кредитите и депозитите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *