• Fri. Nov 22nd, 2024

Научниците со охрабрувачки вести: За секој нов сој ќе имаме вакцини

Научниците со охрабрувачки вести: За секој нов сој ќе имаме вакцини. Во тек е трка помеѓу вакцините против Ковид-19 и мутациите на коронавирусот кои се закануваат да ги загрозат, откриле научниците кои се занимаваат со овој проблем. Тие најавуваат дека науката ќе има подобрена вакцина за секој нов вид на коронавирус.

Експертите, сепак, предупредуваат дека сè уште не е време за олабавување, бидејќи вирусот сè уште мутира и дека прекумерната релаксација може да биде најгорливиот проблем.

Вакцините се помалку ефикасни против некои соеви, и колку повеќе се шири вирусот, толку почести ќе бидат мутациите, односно вакцините ќе бидат помалку ефикасни. Досега, ефикасноста на вакцините е проучена во мали групи во лабораториски услови, а како што започна масовната вакцинација, ефикасноста на вакцината е проучена во реалниот свет.

Вакцините на „Фајзер/Бионтек“ и на „Модерна“ се повеќе од 90 проценти ефикасни во спречување на каква било инфекција, со или без симптоми, соопштија од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), кои спроведоа студија на здравствени работници. Откриено е дека овие вакцини се ефикасни дури 80 проценти по примена една доза.

Друга студија на ЦДЦ спроведена во домови за стари лица покажала дека вакцините спречуваат сериозни болести и смрт кај најранливата популација. Луѓето постари од 65 години се исто така најтешко погодени од Ковид во САД, односно тие сочинуваат 80 проценти од пациентите.

Повеќе од половина од постарата популација досега примиле барем една доза на вакцина, а бројот на смртни случаи и хоспитализации се намалува.

Некои експерти стравуваат дека ќе започне четврт бран на инфекција, што ќе донесе нови, позаразни видови на вирусот. Иако во САД не се предвидува таква масовна инфекција како што беше досега, „постојат индикации дека падот на бројот на заразени лица забавува и дека е достигнат врвот“, вели Мајкл Ли од универзитетот МИТ.

Мутацијата што се појави во Јужноафриканската Република е најзагрижувачка досега, бидејќи овозможува вирусот да го нападне имунитетот дури и посилно од неговата основна верзија.

Вакцините на „Џонсон и Џонсон“ се покажале како ефикасни 57 проценти во спречување на инфекција со вирусот во Јужна Африка, а 72 % во САД, каде што тој вид е помалку распространет.

Вакцината на „Астра зенека“ е ефикасна само 10 проценти во спречување на јужноафриканскиот сој.

Новиот вид регистриран во Бразил исто така се шири побрзо и се покажа дека може да ги зарази оние кои веќе се заразиле со коронавирус.

Сојот од Танзанија ги содржи скоро сите познати мутации. Вирусот како повеќе ќе се шири, така повеќе ќе мутира.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *