Почна четвриот научен собир по повод Светите 15 тивериополски свештеномаченици. Научници и истражувачи ќе ги презентираат своите трудови на тема „Епаминонда Поп Андонов и македонското народноослободително и антифашистичко движење за време на Втората светска војна“. Традиционално организатор на симпозиумот е Завод и музеј Струмица.
Историчарите сметаат дека научните собири се исклучително важни за изнесување на нови гледишта и информации за личностите и настаните што ја одбележале македонската историја.
Научниот собир се одржува по повод 70 години Завод и музеј Струмица и по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев.
Епаминонда Попандонов (или Попандов) (Струмица, 1898 – Софија,[1]1968) бил учесник во НОВ и прв повереник за просвета во Президиумот на АСНОМ.