• Thu. Nov 21st, 2024

Наставнички од ООУ „Никола Вапцаров“ организираат хуманитарен хепенинг за Велигден

По повод големиот Христијански празник Велигден наставничките Невенка Дончевска и Наташа Тумановска – Витанова заедно со учениците од III-4 одд. и II-3 одд. при ООУ,,Никола Вапцаров” – Струмица во соработка со родителите на учениците организираат Велигденски хепенинг со хуманитарен карактер.
Велигденскиот хуманитарен хепенинг ќе биде реализиран во понеделник на 10.04.2023год.од 11 часот до 13 часот во Дом на култура,,Антон Панов”-Струмица.
За одбележување на престојните велигденски празници на хепенингот учениците ќе ги презентираат своите рачно изработени украси.
Собраните средства од Велигденските изработки ќе бидат донирани во Фондација Елеуса, целта е со собраните средства да се помогне на социјално ранливите категории.