Да се анимира заедницата и да се помогне на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија. Ова е пораката на хуманитарната акција што под мотото „III-4 го обединуваат градот“ ќе се организира во сабота на градскиот плоштад „Гоце Делчев“.
Наставничката вели дека привот бил да се даде придонес во оваа глобална акција за помош на луѓето чии животи засекогаш се променија во разорниот земјотрес во Турција и Сирија. Ги известила најпрво родителите на нејзините ученици, од каде не само што добила поддршка, туку и помош да се организира една голема акција во која ќе се вклучат голем број сограѓани.
Списокот на потребни производи за донација е доставен од Црвен крст. Еве кои производи се потребни за граѓаните од Турција и Сирија:
Список на потребни средства:
1.Зимски семејни шатори
2.Ќебиња
3.Греалки на струја/плин
4. Церада (постилка за на земја)
5. Церада (зимска)
6. Вреќи за спиење
7. Столици на расклопување (се претвора во кревет)
8. Креветчиња на расклопување
9. Фенер на соларно напојување
10. Кујнски сетови
Состав на пакет со храна
- Брашно тип 400 95кг.)
- Жеќер 900 г.
- Масло за јадење 0.900 л.
- Сол ситна 1 кг.
- Ориз 0,900 г.
- Грав 0.900
- Конзервирана риба (сардина)
- Готова конзервирана храна
- Макарони
- Филтер чај Рокот на производите да биде минимум 6 месеци