• Thu. Nov 21st, 2024

Наставниците од струмичко ќе се обучуваат за дислексијата

Бесплатни онлајн обуки за дислексија за наставниците од струмичко. Ова е договорено на средбата со претставник на Здружението за дислексија „Ајнштајн“ од Скопје. Градоначалникот Костадинов објави дека потпишале Меморандум за соработка со ова здружение, бидејќи не е мал бројот на ученици во општината кои се соочуваат со дислексија и тешкотии во учењето.

Дислексија е состојба каде што постојат тешкотии при читањето и разбирање на прочитаното. Децата кои страдаат од оваа состојба, имаат тешкотии и при интерпретацијата на визуелните симболи. Иако имаат нормален вид и слух, како и навики за пишување, тие имаат тешкотии при пишувањето на букви или зборови по саканиот редослед или некогаш ги мешаат некои букви, така на пример како “б” и “д” или “п” и “н”. Често мешаат и блиски зборови, не обрнуваат внимание на интерпункцијата и читаат со монотон глас. Многу често ги пишуваат зборовите како што и ги изговараат. Децата кои страдаат од дислексија, не заостануваат во менталниот развој од своите врсници па дури и во некои случаи ги надминуваат. Но, ако дијагнозата не се постави на време и не се спроведе потребното лекување, детето ќе заостанува во училишните активности и ќе почне да пројавува отстапувања во однесувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *