Наставата во струмичките училишта ќе почне со физичко присуство.
Тетово и Гостивар ќе ја почнат новата учебна година онлајн, поради состојбата со коронавирусот. Мерката ќе важи две недели само за средните училишта во овие градови.
За другите, од 1 септември наставата во основните и средните училишта ќе почне со физичко присуство, за што се подготвени сите протоколи за заштита на здравјето.
Исклучоци од физичка настава се предвидени за учениците кои во семејството имаат хронична болест. Или доколку самиот ученик боледува од хронична болест. Но може и поради немедицински причини, за што одлука ќе носи самото училиште ако има аргументација за тоа.
Во случај на промени во епидемиолошката состојба, образовниот систем е подготвен за три сценарија. Целосно физичко присуство, целосно онлајн и хибридно.