• Sat. Nov 23rd, 2024

НАС против новиот Етички кодекс

НАС против новиот Етички кодекс. Независниот академски синдикат реагира на постапката за изработка на новиот етички кодекс од страна на Ректорската управа на УКИМ.

„Ректорската управа на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ почнала постапка за изработка на нов етички кодекс. Деновиве е доставен нацрт-текст само до дел од вработените на единиците на УКИМ. Исклучени од процесот се и синдикалните организации. Иако приложениот нацрт-етички кодекс експлицитно уредува права и обврски кон нив“, информираат од независниот академски синдикат.

Од синдикатот ги посочуваат клучните проблеми во кодексот.

„Предложениот текст главно забранува, а не регулира односи врз база на етички вредности. Тој е репресивен во неговата суштина и оневозможува квалитетна расправа и критика. Тие се особено важни во високообразовна институција.Овие одредби претставуваат јасен обид да се спречи јавното делување на членовите на академската заедница, надвор од официјалната догма на органите на УКИМ. Со ова сериозно се загрозува правото на слобода на говор, мисла и уверување. И се ограничува правото на слободно здружување на членовите на академската заедница“, известуваат во Синдикатот.

Од таму предупредуваат дека наместо автономен универзитет кој обезбедува простор за дебата и критика во сопствената средина, УКИМ ќе се претвори во авторитарна институција, која го потиснува различното мислење.

Независниот академски синдикат бара од Ректорската управа и Сенатот на УКИМ нацрт-етичкиот кодекс да биде целосно отфрлен. Да почне постапка во која ќе бидат вклучени Сенатот и единиците на УКИМ уште од самиот почеток на постапката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *