Сметките за електрична енергија во кои цената на потрошената струја е еднаква или дури и пониска од дистрибуцијата на истата ги тревожат граѓаните. Најмалку 50 жалби стигнале до канцеларијата на народниот правобранител во Струмица токму за високите сметки за струја. Народниот правобранител Славчо Тимов вели дека е покрената истрага за овој случај и ќе се испитува дали е оправдано да се плаќа таква сума.
Надоместот за пренос и дистрибуција на струја, односно таканаречената мрежарина, се плаќа за изградба и одржување на преносната и дистрибутивната мрежа, трошоци за отчитување и одржување на мерните места, за помошни системски услуги и балансирање на мрежата, а со тие пари се покриваат и загубите на електрична енергија во мрежата.