• Sun. Nov 24th, 2024

Намален бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во јануари  годинава во однос на јануари  лани е намален за 2,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

За 2,7 проценти се намалил бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, за 2,5 во Преработувачка индустрија, а за 1,3 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Според главните индустриски групи, пак, бројот на работниците во индустријата во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 5,1  процент и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,1  процент, а пораст за 1 процент има кај Интермедијарни производи, освен енергија, за 1,9 проценти кај Капитални производи и за 5,1 процент кај Tрајни производи за широка потрошувачка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *