• Fri. Nov 22nd, 2024

Најстариот син на Дејвид Бекам се ожени на Флорида

Синот на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, Бруклин Бекам и неговата избраничка Никол Пелц конечно го кажаа судбоносното да.

Имено, тие вчера се венчаа на Флорида, а „Daily Mail“ објави ексклузивни фотографии.

Свадбата беше на Палм Бич, на имотот на таткото на неговата избраничка.

Според странските медиуми, вредноста на венчавката била проценета на неверојатни 103 милиони долари.

На оваа свадба присуствуваа бројни гости, а некои од нив се Ева Лонгорија, Марк Ентони, Мел Би, Том Брејди.

Откако медиумите шпекулираа дали Бруклин навистина решил да се смири, верениците се огласија на социјалните мрежи и потврдија дека решиле да го поминат целиот живот заедно.

Бидејќи Никол е Еврејка, имаше таква церемонија, пишуваат агенциите.

Нивниот прв танц беше придружен со песната „Only Fools Rush In“ од Елвис Присли.

Во пресрет на венчавката, Викторија Бекам му напиша искрена порака на својот син Бруклин во која им посака среќа и љубов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *