Министерството за здравство информира дека на територијата на целата држава барем една доза вакцина досега примиле 27,5 отсто од граѓаните.
Последните анализи покажуваат дека најголем процент на вакцинирани граѓани има во Кавадарци – 43,5 отсто, потоа следува Охрид со 42,9 и Гевгелија со 41 процент. Најмал процент на вакцинирани граѓани бројат следниве населени места: Дебар со 17,3 , Тетово со 17,1 и Кичево со најмал процент на вакцинирани граѓани – 15,8 отсто.
Состојбата на вакцинирани граѓани во другите градови е следна:
Ресен 39,8 %; Битола 38,9 %; Неготино 38 %; Штип 37,2 %: Пехчево 36 %; Велес 31 %; Демир Хисар 30,9 %; Берово 30,9 %; Скопје 30,8 %; Валандово 30,6 %; Прилеп 30,3 %; Пробиштип 29,7 %; Крушево 28,3 %; Koчани 25,3 %; Свети Николе 25,2 %; Делчево 24,9 %; Виница 24,5 %; Крива Паланка 23,9 %; Радовиш 23,2 %; Струга 23,1 %; Куманово 21,2 %; Струмица 19,4 %; Кратово 18,9 %; Македонски Брод 18,2 % и Гостивар 17,8 %.