Најмногу снег до утрото има паднато во Маврови Анови и Крушево, а најмногу дожд наврнало во Пожаране, соопшти УХМР. Врнмежите ќе продолжат во следните денови, од четврток се очекува стабилизирање на времето, но минусните утрински температури ќе се задржат до крајот на неделава, насекаде во државата.
Времето денеска облачно со повремени врнежи од снег, а во југоисточните подрачја од дожд и снег. Пообилни врнежи ќе има во западните и североисточните делови. Во вечерните часови врнежите ќе ослабнат и постепено ќе престануваат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7 степени. Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Облачно со повремен снег и со умерен до засилен северен ветер.T= 3 °C, P= 971 hPa, U= 80 %, V= 5 m/s.
Снежна покривка до изутрината (во см): 40 Маврови Анови, 39 Крушево, 33 Ѓуриште, 31 Попова Шапка, Пожаране, 26 Дебар, 24 Тополчани, 20 Битола, Претор, 16 Скопје-Петровец, 15 Скопје-З.Рид, Куманово, 14 Прилеп, 11 Тетово, 10 Берово, 7 Штип, 4 Кр. Паланка, 1 Д. Капија.
Врнежи од дожд за изминатите 24 часа (во л/м2): 34 Пожаране, 29 Крушево, Дебар, Претор, 28 Скопје Зајчев Рид, 27 Тетово, 26 Виница, 25 Битола, Куманово, 24 Ѓуриште, 21 Скопје – Петровец, Прилеп, 20 Штип, 19 Гевгелија, 12 Берово, 11 Струмица, 9 Дојран, К.Паланка, Охрид.
Во следните два дена ќе има повремени локални врнежи претежно од снег со послаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер. Од четврток ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневните температури, додека утринските до крајот на работната недела насекаде ќе бидат под нула.