По катастрофалните поплави во западна Германија, бројот на жртвите порасна на најмалку 90, преку илјада лица се сметаат за исчезнати. Владата вети помош за настраданите подрачја.
Прекините на електричната енергија и на телефонските линии и натаму го отежнуваат поточниот преглед на ситуацијата во покраините Севера Рајна Вествалија и Рајнланд-Пфалц, кои се најсилно погодени. Опасност освен тоа се заканува најмногу од претекување на акумулациите и попуштање на браните во регионот.
„Ситуацијата останува драматична“, истакна покраинската премиерка на Рајнланд-Пфалц, Малу Драјер во Триер.
Бројот на жртви расте, само во покраината Рајнланд-Пфалц досега загинаа преку 50 луѓе.Спасувањето на луѓето од нивните куќи и станови е тешко, зашто некаде воопшто не постои пристап. „Ситуацијата не е подобрена, ова е огромен предизвик за нашите спасувачки екипи кои работат нон-стоп“, изјави Драјер.Од полноќ претекува акумулацијата Рур, која е изградена на реката Рур во регионот на Ахен и Дирен. Со тоа се заканува поплавување на градовите Дирен и Јилих. Се прават напори за подобрување на ситуацијата со ограничување на притоките кон акумулацијата. Слично алармантна е ситуацијата и кај акумулацијата Штајнбах кај Ојскирхен.Во Ерфштат, јужно од Келн, утрово се урнале објекти поради попуштени темели од надојдената вода. Луѓето можеле само делумно да бидат спасени со чамци. Пристапот го отежнува дефектот предизвикан на доводот на гас, кој не може да се санира. Болниците не можат да ја продолжат работата, а морало да биде извршена евакуација и на повеќе старски домови.