• Sat. Nov 23rd, 2024

Најавена целосна дигитализација на судството

Целосно дигитализирање на повеќе од 100 судници низ 34 судови во земјата, како и судниците во рамки на Академијата за судии и јавни обвинители и затворот „Идризово“, најави Владата. Според Премиерот Заев, тоа ќе биде голем технолошки напредок. Владата презема обврска да обезбеди средства за одржување на опремата која ќе биде инсталирана во судовите, но и јакнење на човечките ресурси потребни за работа.

Заев на денешната  прес-конференција посочи дека со дигитализацијата на судството ќе се постигне поголема ефикасност и транспарентност на правосудните органи, олеснет пристап до правосудните постапки за сите и намалени трошоци.

Дигитализација во правосудството според Заев, ќе помогне во унапредување на независноста на судството и непристрасноста, со сведување на минимум на човечкиот процес.

Како што истакна министерот за правда Бојан Маричиќ токму ковид пандемијата била  дополнителен катализатор што на површина ја исфрлила потребата од  дигитализацијата  со која, како што додаде, ќе се заштити здравјето на граѓаните, а постапките ќе течат непречено.

Процесот на дигитализација на македонските судови директно, финансиски, технички и стручно ќе го помогаат ОБСЕ, Соединетите Американски Држави, Европската комисија и норвешката Влада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *