• Sun. Nov 24th, 2024

Наградата „Павлина Цунева-Макзлиева“ за најдобрите библиотекари во државата

Наградата „Павлина Цунева-Макзлиева“ за најдобрите библиотекари во државата. Литературната манифестација „Средби под јаворите0Видое Подгорец“ утре по третпат ќе ја додели наградата за библиотекар на годината.

Целта на оваа награда е да се оддаде признание на библиотекарите во националните и училишните библиотеки. Тие се важен дел од библиотекарството но и иднината на оваа дејност.

Утре со почеток од 13.00 часот во просториите на Европска куќа, Струмица ќе се доделат годинешните награди. Истовремено ќе се одржи трибина на тема: Книгата помеѓу библиотечниот и виртуелниот простор.

А еве ги и најдобрите библиотекари за 2021

1. Соња Манева, НУБ „Гоце Делчев“, Штип Национално признание „Павлина Цунева Маказлиева“ за библиотекар на годината 2021, категорија -јавни библиотеки,

2. Маја Трајковиќ- ООУ “Невена Ѓоргиева – Дуња“, СкопјеНационално признание „Павлина Цунева Маказлиева“ за библиотекар на годината 2021, категорија – училишни библиотеки

3. м-р Аница Глигорова Милева ЛУБ „Благој Јанков – Мучето“, Струмица – Пoфалница за вложување во личниот професионален раст и развој во областа на библиотекарството, категорија – јавни библиотеки,

4. д–р Наде Караџоска, ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“, Прилеп, Пофалница за истражувачка дејност во сите области на библиотекарството, категорија – јавни библиотеки5. Тинка Барбутов Крстева, I Гимназија, Загреб, Република Хрватска,Благодарница за меѓународна афирмација на библиотекарството

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *