• Fri. Nov 22nd, 2024

Надвор лето-во продавниците почнува новогодишна еуфорија

Christmas shop window

Ако сте прошетале деновиве низ струмичките продавници за мешовита стока, сигурно од излозите ве поздравија елени, елки и дедо мраз. Иако е неверојатно, особено поради високите температури и тоа што ноември само што почна, сепак, реалноста е дека цел град е во новогодишно руво. Трговците велат дека станува тренд и дека има и побарувачка.

Купувачи не се само струмичани и жители на регионот, туку доаѓаат и од Бугарија. Токму тие најмногу се заинтересирани за вакво пазарење, со оглед дека кај нив Божиќ се слави на 25 декември, па и еуфоријата порано пристигнува.

Новогодишно-божиќно украсување традиционално има и во градот. Но, минатата година поради кризата и ковид-пандемијата украсувањето беше сведено на минимум.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *