• Sat. Nov 23rd, 2024

Над 600 земјоделци и 50 фирми ги осигурале посевите во првиот квартал од 2022

Вкупно 600 индивидуални земјоделци и фармери и уште педесетина аграрни компании за првите три месеци годинава ги осигурале своите посеви, плодови и животни, информираат од Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

– Наскоро земјоделското осигурување ќе стане задолжително со закон и заради тоа неговото учество во осигурителниот пазар значајно ќе се зголеми. Целта на оваа реформа е преку зголемување на масовноста значајно да се намали цената на осигурувањето, а истовремено со акумулација на средствата на осигурениците-земјоделци да се создадат големи фондови од кои ќе се исплаќаат штети кои може да ги предизвикаат временските непогоди и особено актуелните климатски промени, велат од Агенцијата. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *