Се зголемува бројот на странски студенти на факултети при Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Деканката на Филолошкиот факултет, професор доктор Драгана Кузмановска вели дека најголем дел од нив студираат медицина. Студенти има од голем број земји.
На институтот за јазик при Филолошкиот факултет има над 300 студенти од странство. Според Кузмановска, оваа е значајна бројка бидејќи е важен секој странски познавач и говорител на македонскиот јазик.
Инситутот за јазици функционира веќе десет години. Од Универзитетот Гоце Делчев велат дека ниските трошоци за студирање, големиот избор на студиски програми и професионалниот и пријателски однос од професорите се причина за големиот интерес на странски студенти.