• Mon. Nov 25th, 2024

За учениците од прво и второ Општина Струмица набави работни униформи

До крајот на септември или почетокот на октомври учениците од струмичките основно училишта од прв и второ одделение треба да добијат работни униформи составни од маица и дуксерка  со бои кои однапред се утврдени но и логото на училиштата каде се школуваат. Општина Струмица изминатиот месец склучи договор со кочанската фирма Филаделфија за израбтка на работни униформи во висина од 21 илјада евра. Оваа фирма била единствената што се јавила на распишаната јавна набавка на оптшина Струмица во јули годинава

Според тендерската документација работни униформи треба да добијат околу илјад и 150  ученици иако бројката може да варира со оглед на бројката на запишани во прво и второ одделение.

Како што стои во договорот склучен меѓу општина Струмица и кочанската фирма, работните унифроми економскиот оператор треба да ги достави во рок од 45 дена од денот на склучувње на договорот не не подоцна од 30 ти септември .

Општина Струмица планира на околу 600 ученици од прво до деветто одделение на почетокот на новата учебна година да им додели пакети со училишен прибор. Станува збор ученици кои  добиваат образовен додаток а од општината како помош ќе добијат пакети со тетратки, боици, моливи , пенкала и  прибор за математика, ликовно оспитување

За таа цел Оптшина Струмица летово распиша јавна набавка на училишен прибор за ученици во основно образование на која се јавиле пет фрими но најдобра понуда достави фирмата Рики Јуниор од Кочани. За доставата на училишниот прибор кој според склучениот договор треба да се случи најдоцна до 5 ти септември општината ќе плати 6 700 евра или 414 илјади денари со вклучен ДДВ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *