• Fri. Nov 22nd, 2024

На воз кај Демир Капија од струен удар загинало лице, се качило на кров од вагон, информира ЦУК

ЦУК информира дека од Македонски железници известиле дека од 17:15 часот поради тоа што на кровот на товарниот воз на релација Гевгелија – Табановце – Скопје на станицата во Демир Капија се качило лице (најверојатно емигрант) и по допир со инсталацијата која што е под напон дошло до негова смрт.

На лице место се излезени екипи на МВР, Пожарна и Брза Помош.

По завршување на увидот железничкиот сообраќај е пуштен во 20.05 часот.