Греењето во текот на зимскиот период ги загрижува струмичани. Поскапеа електричната енергија и природниот гас, а граѓаните велат дека има и недостаток на огревно дрво. Поради тоа не им оставаат многу можности за избор. Велат, не знаат како ќе се помине долгиот студен период и колку од животниот простор ќе можат да го згреат. Исклучок се граѓаните кои имаат дозвола за селска сеча.
Од Шумското стопанство „Беласица“ велат дека има доволно огревно дрво, но препорачуваат граѓаните да не купуваат од дрвокрадци затоа што ќе има засилени контроли. И општините апелираат да др зголеми контролата на шумските појаси во нивните региони и да се спречи кражба во период кога ќе биде значаен секој енергенс.
Подрачната единица на македонски шуми во Струмица потврдува дека е зголемен интересот за огревно дрво. Токму поради енергетскта криза, за многу семејства дрвото е најисплатлив енергенс па многумина годинава ги вратиле печките во своите домови.