На полноќ истекува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за градоначалници и советници за локалните избори закажани на 17 октомври.
Досега се собрани потписи за 18 независни кандидати.
Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК ќе работат денеска до 24 часот кога истекува законскиот рок за собирање потписи.
Во тек е и јавниот увид во Избирачкиот список, што завршува на 9 септември.
Кандидатурите за градоначалници и за советници до општинските изборни комисии се поднесуваат до 11 септември.