• Thu. Nov 21st, 2024

На полноќ истекува рокот за собирање потписи на локалните избори

На полноќ истекува рокот за собирање потписи на локалните избори. Уште неколку часа граѓаните можат да се потпишуваат за поддршка на независните листи.

Во Струмица досега се собрани потребните потписи за трите независни листи за советници во Струмица, Босилово и Ново Село.

Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК ќе работат денеска до 24 часот кога истекува законскиот рок за собирање потписи.

Во тек е и јавниот увид во Избирачкиот список, што завршува на 9 септември.

Кандидатурите за градоначалници и за советници до општинските изборни комисии се поднесуваат до 11 септември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *