Министерството за внатрешни работи ќе исплати над 113 илјади евра за 288 вработени во министерството на основ трошоци за храна за ноќна работа. Исплатата како што соопштуваат е за вработени кои работеле ноќе во текот на 2021 година, третина од полно работно време од своја годишна работна обврска.
– Согласно Законот за работни односи и колективниот договор на МВР, со кој е предвидена обврска на работодавачот за исплата на трошоци за храна или обезбедена храна за ноќна работа, МВР изврши исплата на трошоци за храна за ноќна работа за 288 вработени кои работеле ноќе во текот на 2021 година, третина од полно работно време од своја годишна работна обврска – се наведува во соопштението издадено од МВР.
Исплатата се врши врз основа на изработени решенија за надомест за трошоци за исхрана за работа ноќе. За таа цел од буџетот на МВР се обезбедени околу 7.000.000 денари кои ќе бидат исплатени во наредните денови.