• Fri. Nov 22nd, 2024

На Ново Село мирно-Бугари доаѓаат но за заболекар, а не за Гоце Делчев

Уште еден типичен саботен ден на граничниот премин Ново Село. Без гужви, застој или проблеми се одвива протокот на патници и возила на македонско-бугарската граница.

Освен специјалните полициски единици кои се распоредени околу граничниот премин, нема друг показател дека денешниот ден се одвива под посебни околности. Бугари доаѓаат, но, според изјавите, никој не е упатен кон Скопје, на чествување на роденденот на Гоце Делчев. Туку напротив, тргнати се на пазар, на прошетка, да завршат некоја работа.

„Ме боли заб, уста не можам да отворам, одам на заболекар,“-вели патничка која чекаше на граничниот премин. На новинарското прашање дали нема намера да оди кон Скопје, вели „Тоа не ме интересира“.

Други патници, земјоделци, пак, се упатија кон Турново. И тие беа децидени дека ништо поврзано со политиката не ги интересира.

Според податоците од СВР Струмица, протокот на патници е вообичаен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *