• Sat. Nov 23rd, 2024

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 436 пациенти

By

May 9, 2021

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 760 и има околу 915 празни болнички кревети во ковид центрите.Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 436 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 51 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 11 пациенти, во Велес се лекуваат 50 болни, а во Куманово 53 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 39, во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 16 болни.

извор:https://www.slobodenpecat.mk/na-infektivnite-oddelenija-vo-zemjava-se-lekuvaat-436-paczienti/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *