• Fri. Nov 22nd, 2024

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1021 пациенти, слободни кревети има

By

Apr 5, 2021

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1021 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 117 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 95 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 102 болни, а во Куманово 86 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 109 пациенти, во Прилеп 136 во ковид центарот во Гостивар 45, а во Струга 22 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 99 пациенти, во Кочани 31 во Кичево 35, Кавадарци 74, а во Гевгелија 25 лица позитивно и суспектно на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1720 и има околу 230 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

извор:https://centar.mk/blog/2021/04/05/na-infektivnite-oddelenija-vo-zemjava-se-lekuvaat-1021-patsienti-slobodni-kreveti-ima/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *