• Sat. Nov 23rd, 2024

На ГП Богородица за излез од државата се чека 30-ина минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ. На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека 20-30 минути. На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е отворен за сообраќај до 1.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.

На патниот правец 2251 Пробиштип – Лесново, од 31.5.2022, ќе бидат изведувани градежни работи (асфалтирање), така што тој ќе биде затворен за секаков вид сообраќај во периодот од 11 до 17 часот секој ден сè до завршување на работните активности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *