• Thu. Nov 21st, 2024

На децата им е потребна книгата за да го разберат светот

Читањето ја подобрува меморијата, ја збогатува лексиката на читателот, помага да се развие критичко размислување. На децата им е потребна книгата за да го разберат светот, вели писателот Киро Донев. А за книгата да им е драга на децата, тој неуморно патува од едно одделение во друго, од едно во друго училиште. И тука и таму и овде и онде. Секаде каде има расположени дечиња кои сакаат да ги слушаат песните и ангедотите на ведриот писател.

Овие денови, додека траат „Средби под јаворите – Видое Подгорец“, ваквите посети се многу почести, но и побогати. Затоа што писателот Донев собра дружина од десетина автори од сите генерации и организираа поетски караван низ училиштата. Киро вели дека ова е по примерот на Знаевите детски игри, кои во исто време се одржуваат во Нови Сад, соседна Србија. Смета дека со директните контакти и дружења на децата и писателите, книгите можат уште повеќе да им се доближат.

Еве како поминаа некои од поетските читања: