Во општина Гевгелија, на 5 јуни, 2023 година (понеделник), во раните утрински и во текот на попладневните часови ќе се врши првата теристичка и ларвицидна дезинсекција. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземаат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. Доколку временските услови бидат неповолни, дезинсекцијата ќе биде одложена и навремено најавена.
Согласно набавката, спроведена од Центарот за развој на Југоисточен Плански Регион и договорот со изведувачот за годинашниот третман против комарци, на подрачјата на деветте општини во рамки на ЈИПР се планирани 3 ларвицидни прскања и 3 теристички (аросолни) прскања.