Полицијата вчера спровела акциска контрола за учесниците во сообраќајот кои возеле повеќе од дозволеното. Акциските контроли биле во Радовиш и Гевгелија при што 24 возачи заработиле казни оти ги управувале возилата со брзина повеќе од дозволената
,,На 10.02.2021 полициски службеници од ОВР Радовиш спровеле акциска контрола над возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што биле откриени 7 прекршоци. При контролата биле констатирани и 9 останати прекршоци. Истиод ден, на подрачјето на ОВР Гевгелија полициски службеници спровеле акциска контрола над возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле откриени 17 прекршоци по акциската контрола и 11 останати прекршоци. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани,, соопшти МВР