• Fri. Nov 22nd, 2024

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Муслиманите во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз.

Рамазан-Бајрам е ден кога се сретнува моќта на богатите со слабоста на сиромашните во љубов, милост и правдина.

Ден кога сиромашните се радуваат во удобностите на животот, ден кога роднините се сретнуваат во благодет и внимание еден за друг, ден кога муслиманите се соединуваат во молитви и меѓусебни посети, ден кога пријателите ги оживуваат мостовите на љубовта и елементите на блискост, ден кога благородниот дух ги простува грешките на другите и се соединува по разделбата.

По повод празникот, честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи.

„Жедта и гладот ​​во текот на месецот Рамазан ја зајакнаа нашата грижа кон човекот, така што денес на овој голем ден на Рамазан Бајрам сме посолидарни и похумани од кога било досега. И овој принцип теоретски и практично ги дефинираше чувствата на мир, толеранција, хуманизам и солидарност. Рамазан со своите вредности како и овој голем ден Рамазан Бајрам нè учат дека војната е туѓа во исламот додека мирот е најскапоценото нешто на човекот и неговата главна цел и сиот потенцијал на верниците да се стави во негување на мирот и благосостојбата меѓу луѓето… Честит Рамазан Бајрам“, изјави Шаќир Фетаи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *