Министерството за труд и социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период.
Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:
– за првиот мерен период во текот на декември во тековната календарска година;
– за вториот мерен период во текот на февруари во наредната календарска година;
– за третиот мерен период во текот на мај во тековната календарска година; и
– за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на јули во тековната календарска година.
Висината на додатокот за образование за ученици во основно училиште изнесува 737,00 денари месечно, односно 2.211,00 денари за мерен период. Висината на додатокот за образование за ученици во средно училиште изнесува 1.053,00 денари месечно, односно 3.158,00 денари за мерен период.