Општина Струмица започнува со реализација на нов прекуграничен проект. Станува збор за проектот Мрежа на велосипедски градови. Тој ќе се реализира во соработка со општина Серес од Грција.
Со проектот ќе се добијат повеќе велосипедски содржини.
Вело Зона Градски парк Струмица – изградба на велосипедска адреналинска патека („Pump track“ патека)
Вело Полигон за деца – Градски парк Струмица
Уредување на планински велосипедски патеки на месноста Чам Чифлик
Поставување на Станици за поправка на велосипеди во Градски парк
Подготовка на мастер-план за идни проекти на општина Струмица од областа на велосипедизмот, велосипедската инфраструктура и безбедноста во сообраќајот