• Fri. Nov 22nd, 2024

Москва протера неколку службеници од бугарската амбасада

Москва протера неколку службеници од бугарската амбасада како одговор на протерувањето на руските дипломати од Софија во март.

Како што соопшти руското Министерство за надворешни работи, нотата за протерување неколку вработени во бугарската амбасада денеска му била предадена на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Бугарија во Руската Федерација, Атанас Крaстин.

Мерката, како што се наведува, е одговор на немотивираната одлука на бугарската страна во март годинава да прогласи десет дипломати на руската амбасада во Софија за непожелни лица, наведува „РИА новости“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *