• Fri. Nov 22nd, 2024

Морачанин дала наредба за смена на Ана Петровска

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ.

Од Владата велат дека за в.д. директор веднаш е назначен Сретен Стојковски.

Петровска беше директорка десет месеци, а именувана во октомври минатата година. Нејзиното разрешување доаѓа откако таа имаше несогласувања со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, кога побара вонреден конгрес.

Морачанин вели дека барањето за разрешување е бидејќи смета дека има поплаки од граѓаните и негативни реакции од вработени во инспекторатот. Според претседателката на ДОМ, инспекторатот нема решено големи случаи поврзани со загадување и има мал број на казни.

Разрешената Петровска најави свој став откако ќе ја добие одлуката на Владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *