• Fri. Nov 22nd, 2024

МОН: Повторно достапни можностите за факултетите и научните установи за модернизација на лабораториските услови и ресурси

Повторно е отворена можноста за факултетите и научните установи во државата да аплицираат за средства од државниот буџет со кои ќе ги унапредат своите научноистражувачки капацитети преку модернизација на условите во лабораториите, соопшти Министерството за образование и наука. Вкупно 17,3 милиони денари за оваа намена ќе бидат распределени преку јавниот повик кој е во тек.

На повикот, со свои предлог-проекти за развој на лабораториските ресурси можат да се пријават државните универзитети – факултети/научни институти и јавни научни установи – националните научни институти, како самостојни ентитети кои вршат дејност од посебен и јавен интерес за Република Северна Македонија. Аплицирањето трае до 20 септември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *